Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ да не штити криминалци, мора да се затвори незаконската аболиција на Иванов
Денеска пред членовите на собраниската Законодавно-правна комисија е барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.
Целта на СДСМ е еднаш засекогаш да се затвори нелегалната аболиција од Ѓорге Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани но и ние.
Како претставници на граѓаните, имаме должност да застанеме во одбрана на правдата и неселективното владеење на законите.
Затоа, ги повикуваме повторно сите пратеници, особено од ВМРО-ДПМНЕ, да покажат одговорност и да го поддржат Барањето за автентично толкување.
Јавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стоеја и денеска стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.
Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и обидот на Иванов за аболиција е незаконски и ништовен.
Актуелните случувања во судството покажуваат дека прво мора да ја затвориме нелегалната аболиција на Иванов, а потоа да се посветиме на реформи во судството и целосен ветинг врз судиите и обвинителите.
Уште еднаш го повикуваме и Христијан Мицкоски, наместо несериозни предлози, јавно да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентично толкување.
СДСМ нема да дозволи амнестии, одговорност за сите мора да има.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот