Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации.
– Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, изјави Калас за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според податоците на ЕУ, во Унијата се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина.
Украина и дел од земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска и балтичките земји, повикуваат тој имот да се конфискува и да се искористи за поддршка на Киев.
Но, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, но и Белгија, каде што се наоѓа најголемиот дел од имотот, ги отфрлија таквите предлози. Тие истакнуваат дека Унијата веќе ја наменила идната добивка од тој имот за отплата на помошта за Украина и го доведуваат во прашање постоењето на правна основа за конфискација.
Според тврдењата на дипломатите, дискусијата сега сè повеќе се насочува кон тоа како средствата би можеле да се искористат откако ќе заврши војната во Украина.
Ново на Сител
-
Русија со балистичка ракета ја нападна Одеса
-
Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани
-
ЦУК: Активни пожарите кај селата Русиново и Никуштак, четири ставени под контрола
-
Осумнаесет лица со повреди од пожарот во „Макпрогрес“ примени во Болницата во Кочани
-
Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија
-
Лазаров: Разочаран сум од толку промашувања
-
Захарова: Европските лидери што го поддржуваат Киев се „мутирани џуџиња“
-
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија