Какво време не очекува утре?
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне во планинските подрачја со ретка појава на дожд и грмежи.УВ-индексот ќе има вредност 9.
Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Температурата ќе достигне до 37 степени.
До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст. Почнувајќи од утре во голем дел од земјава температурата ќе надминува 35° С, а на југоистокот ќе достигнува и 40° С. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот. Промена и се посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот.
Ново на Сител
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад