Македонија
11. November 2015 - 8:08

Какво време не очекува денес?

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло за овој период од годината, со мала до умрена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 17 до 24 степени.  

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе искачи до 23 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. До петок под влијание на релативно топла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст, а за време на викендот ќе опаѓаат.