Какво образование имаат премиерите во Европа? Шведска најголемо изненадување
Имињата на премиерите во европските држави се познати во јавноста, но за нивното образование знаат малку луѓе.
Еден картограф одлучил да направи мапа на Европа врз основа на образованието на лидерите од секоја европска земја и ја споделил на социјалната мрежа Редит.
Најчесто занимање меѓу нив е правник (Шпанија, Португалија, Швајцарија, Белгија, Данска, Русија, Полска, Словенија, Унгарија, Чешка, Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора).
Македонискиот премиер Зоран Заев се наоѓа во групата на економисти.
Србија, покрај Летонија, е единствена земја која за претседател на влада има човек од областа на маркетинг и менаџмент.
Премиерот на Франција е дипломиран филозоф, на Холандија е историчар, додека на чело на извршната власт на Германија и на Романија се физичари.
Интересно е дека премиерот на Шведска нема диплома, додека италијанскиот премиер е единствен со факултет за политички науки.
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда