Какво невреме не очекува утре
Времето до крајот на денот ќе биде умерео до значително облачно, наместа нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Повремено ќе дува и засилен ветер претежно од југоисток. Врнежите и нестабилноста повремено ќе се јавуваат и преку ноќта.
ВРЕМЕТО УТРЕ:
Претпладне променливо облачно со локален дожд, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на исток. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а дневната од 19 до 25 степени. УВ=5.
СКОПЈЕ УТРЕ:
Претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачно со умерен до повремен пороен дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе биде околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
И утре ќе биде облачно време со умерен до повремено пороен дожд особено попладне. Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер. Потоа следува период променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.
Ново на Сител
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот