Џет-Сет
30. јуни 2016 - 11:47

Каква желба има победникот Мите од „Ѕвездите на Пинк“

Тензиите во финалната емисија на „Ѕвездите на Пинк“ траеја се до крајот, кога нашиот Мите Стоилков е прогласен за победник. Тој ја откри својата најголема желба за кариерата.
 
-На почетокот ми беше навистина многу тешко да се организирам и да се навикнам на толкави обврски, но потоа се беше полесно. Ова е големо искуство. На сите кои гласаа за мене им се заблагодарувам. Планирам да се преселам за Србија и таму да ја градам кариерата. Најголема желба ми е да снимам дует со Цеца Ражнатовиќ, беше искрен Мите.
 
Па, веројатно Цеца која има симпатии кон него ќе му ја исполни желбата.