Живот
9. December 2016 - 17:14

Како се одмаздувате според вашиот хороскопски знак

 
Овен
 
Благодарение на неговиот владетел Марс, Овенот нема да оддолее на навреда или на повреда да не реагира веднаш. Ако се повредени Овните се најлошите луѓе со кои можете да имате работа. Нивниот темперамент и „ниски удари“ со зборови ќе ги извадат од такт и оние најцивилизираните. Можен е физички напад, фрлање предмети… Нивната освета не е стратешка ниту планирана, но добрата работа е што брзо се смируваат.
 
Бик
 
Припадниците на овој знак не забораваат ништо, а никако нештата што ги повредиле, разочарале или ги налутиле. Што е најдобро, тие ќе се обидат да сокријат колку се изнервирале. Моменталната одмазда не е во нивен стил – тие како воен командант посматраат и го чекаат моментот во кој нивниот противник ќе биде најслаб. Откако ќе ја исполнат нивната одмазда, никогаш веќе нема да имаат доверба и виновникот засекогаш ќе биде на нивната „црна листа“.
 
Близнаци
 
Припадниците на овој знак се мошне непредвидливи, па дури и сами за себе. Ако ги повредите или ги навредите со нешто што е мошне битно, ќе го осмислат најзлокобниот план на светот – како од филмовите за психопати. Меѓутоа, додека дојде време за извршување на одмаздата, едноставно ќе се предомислат – било напросто понатаму да поминале на други и позанимливи нешта, се одлутиле или напросто ја избришале таа личност од нивниот живот. Од друга страна, може да му објават војна на соседот што случајно им го изгребал автомобилот.
 
Рак
 
Припадниците на овој знак се едни од оние што често посегнуваат за одмазда или барем размислуваат за неа. Што е најдобро, причината може да биде било каква – затоа што знаат да исконструираат и да надодаваат нешта кај луѓето на кои што им замериле. Со нив е потешко да ги поднесете последиците од нивната одмазда отколку да ги пронајдете знаците, а во бесно расположение може да го исклучат здравиот разум. Колку и да е големо нивното срце во одмаздата може да бидат ужасни.
 
Лав
 
Расправија? Која расправија? Лавот често ќе се изненади кога пријателите ќе му кажат дека ги повредил, бидејќи никогаш не размислува за своите постапки. Кога ќе дојде до кавга тој само ќе се повлече. Тој речиси никогаш не им се извинува на другите, но не очекува ниту пријателите нему да му се извинат.
 
Девица
 
Девицата простува со јасно извинување. Превртлива е по природа, често пати тврдоглава и злопамтило. Кај неа не е тешко да се искупите за своите гревови бидејќи таа често преувеличува сè околу себе.
 
Вага
 
Вагата сака да игра топло – ладно. Општо е познато дека таа сака да прави драма околу сè. Било каква кавга во животот нема добро да ја поднесе и можен е колапс на системот. Во еден момент ќе биде подготвена сè да прости, а во наредниот ќе се предомисли.
 
Скорпија
 
Ова е најтврдоглавиот хороскопски знак. Често е во состојба да го прекине долготрајното пријателство, бидејќи во него тлее доза на желба за одмазда, но и да им покаже на другите дека со него нема шега. Лутината на овој знак може да трае со години.
 
Стрелец
 
Стрелецот смета дека секој заслужува втора шанса. Тој е еден од ретките знаци кои ќе им простат на сите, бидејќи мисли дека секој заслужува втора шанса. Тој секоја приказна ќе ја согледа од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени со него и ако види дека не го повредиле намерно Стрелецот без проблем ќе прости.
 
Јарец
 
Јарецот ќе се одмазди со злобни трачеви. Тој е исклучително горд и злопамтило и не простува лесно. Сака да озборува и често тие кои го повредиле, ќе бидат на мета на неговите злобни трачеви. Поради тоа повеќето пријатели се плашат да го повредат Јарецот бидејќи знаат дека лесно може да им го уништи угледот. Подмитувањето од било каков вид, со храна, подарок или пари, ќе го расположат овој знак.
 
Водолија
 
Водолијата е знак кој ќе им прости на сите свои пријатели бидејќи се смета за исклучително морална и чесна. Но, ако сфати дека одредени пријатели поседуваат лоша енергија и неповолно делуваат на неа, простувањето и понатамошното дружење ќе биде невозможно.
 
Риби
 
Рибите се еден од најгордите знаци во хороскопот. Многу тешко ќе им простат на пријателите кои што ги изневериле, а дури и ако простат, едно време ќе бидат на дистанца. Тие се водат со својата интуиција, па ако почувствуваат дека некому треба да му простат, ќе му простат, а ако не, тогаш е подобро таа личност да ја снема од нивниот живот.