Македонија
6. November 2020 - 11:34

Како последица од КОВИД-19 почина младиот Југослав кој бараше помош

Младиот Југослав кој вчера бараше помош за да  може да се лекува на приватна клиника, починал од последиците на ковид 19. 

„Југослав почина од последица на Ковид 19. Ве молиме не уплаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка. Бог да го прости“, стои во постот на фејсбук, кој веројатно го објавил некој од блиските на Југослав.  

Пред повеќе од 22 часа тој објави апел за помош за донации за лекување на приватна клиника бидејќи има тешка клиничка слика.