-->
-->
Како ќе се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица?
-->
Македонски Брод и Македонска Каменица, единствените топоними во Република Македонија, кои ја содржат продавката „македонски“, куртулија од договорот за решавање на спорот за името.
Договорот ги поштедува овие градови, па така, тие и во иднина, ако воопшто се имплементира овој договор, ќе продолжат да се викаат Македонски Брод и Македонска Каменица.
Во договорот што го објави грчкиот весник Катимерини пишува дека официјалните тела и јавните институции кои се финансираат од државата ќе се преименуваат во согласност со официјалното име на државата „Република Северна Македонија“ или скратено „Северна Македонија“, а другите употреби на придавката („македонски“) во наизвите на приватни субјекти или актери, вклучително и сложените имиња на градовите (мислејќи на овие два града) ќе се регулира со Членот 7 од овој договор.
Членот 7, пак, нагласува дека Република Македонија се согласила дека „македонски“ и „Македонија“ не се поврзани со античката грчка цивилизација, историја, култура и наследството на Грција.
Целиот текст на договорот преведен на македонски можете да го прочитате ТУКА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барселона го декласираше Реал Мадрид и го освои шпанскиот Суперкуп
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија