Како ќе функционира дигиталната здравствена пропусница во ЕУ?
Хина, Загреб
Европската унија планира во јуни да го воведе системот на дигитални здравствени пропусници, надевајќи се дека на тој начин ќе ја спаси годинешната туристичка сезона, овозможувајќи им на патниците да докажат дека биле вакцинирани или имаат негативен тест на Ковид-19.
Како работи системот?
Пропусницата, издадена од лекар или здравствена установа, ќе содржи QR-код со информации дека патникот е вакциниран против Ковид-19 или е негативен на тестот.
Испечатен на хартија или зачуван во апликација на смарт телефон, кодот ќе биде доказ дека сте имуни.
Кој ја прави апликацијата?
Аоликацијата ја изработуваат членките на ЕУ. Франција веќе тестира апликации за летовите. Тимот на „IBM“ во Германија развива апликација за корисниците и втора „контролна“ апликација што ќе ја користат, на пример, стјуардесите или полицјаците на границите. Зелената боја ќе значи дека пропусницата е автентична, а црвената не.
Како ќе работи пропусницата во меѓународните патувања?
Европската комисија планира да распише тендер за централен систем што ќе овозможи поврзување на различни национални апликации и на тој начин да се обезбеди патување меѓу членовите.
Глобалниот стандард се уште не е осмислен, што значи дека треба да се види како ќе се третираат патниците надвор од ЕУ.
Звучи комплицирани, дали ќе работи?
Треба уште да се решат и неколку логистички проблеми, вклучувајќи го и тоа како ќе им бидат издадени дигитални пасоши на милиони луѓе во ЕУ кои веќе се вакцинирани.
Второто прашање е дали тестот за антитела обезбедува доволен доказ дека лицето кое заздравило од Ковид-19 е имуно, по веста дека некои биле повторно инфицирани со друга варијанта на коронавирусот.
Ќе се заштитат ли податоците?
Чувствителните лични податоци ќе бидат зачувани на смарт телефоните во посебен „паричник“, додека централниот европски систем ќе располага само со потписи на дигиталните сертификати, а не и со личните податоци.
Критичарите, сепак, предупредуваат дека системот ќе биде подложен на измами. Втори велат дека е дискриминаторски затоа што само оние кои можат да докажат дека биле вакцинирани ќе уживаат во слободата на движење.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов