Живот
30. January 2016 - 13:41

Како ќе еволуира човековото тело во иднина?

Танјуг - Белград

Човекот во иднината неминовно ќе биде принуден да се прилагодува на светот кој го опкружува, а кој постојано се менува, па научниците предвидуваат три сценарија според кои човечкото тело може да се промени во зависност од тоа дали ќе живее под вода, во услови на ледено доба или во вселената. 

Глобалното затоплување и неговите последици, посебно топењето на глечерите, можат да го наведат човекот да развие нови способности за да преживее. Ништо ново, со оглед на тоа дека луѓето со милиони години наназад морале да се прилагодуваат на средината.

Според првото сценарио, за живот под вода човекот ќе мора да развие жабри за да може да дише под вода.

Исто така ќе има подолги нозе и раце со пераи, неговите бели дробови ќе се намалат, а влакната на неговото тело ќе се проретчат за полесно да се движи во водата.

Значително зголемени со проѕирни капаци, неговите очи ќе бидат како мачји за да може подобро да гледа во темница.

Второто сценарио предвидува дека на Земјата ќе настапи ново ледено доба. 
Во тој случај, човекот ќе има многу побледа кожа за да може телото при намалено изложување на сонце да произведува повеќе витамин Д. 
Човечкото тело ќе стане покрупно за полесно да се справи со потешките услови за живот. Исто така ќе биде повлакнесто, а носот и лицето ќе му бидат се пошироки и поголеми.

Ако би бил принуден, поради општа катаклизма на Земјата, да се пресели во вселената, човекот пред се би морал да се прилагоди на различната гравитација.

Човекот во иднината тогаш повеќе би личел на орангутан, со подолги екстремитети, предвидуваат научниците.

Може да ги изгуби своите заби и дел од вилицата, бидејќи и така ќе се храни на сламка, па со самото тоа и лицето ќе стане по издолжено. 
Научниците претпоставуваат дека во отсуство на природни предатори, човечкото тело драстично ќе се намалува.

Весникот Дејли меил потсетува на тоа дека веќе денес луѓето изгледаат поинаку во зависност од тоа каде живеат. Тие кои живеат на ппанините имаат поразвиен граден кош, додека жителите на северните предели имаат посветол тен да можат подобро да ги апсорбираат сончевите зраци.

Наведените промени, истакнуваат научниците, можат да се случат многу порано од што може да се помисли.