Како е да си љубовница на шеикот: Бевме 11 девојки,го чекав својот ред за секс
Џил Дод е исклучително успешна деловна жена и основач на меѓународно признатиот бренд за облека „Рокси" која за „Дејли мејл" го раскажува своето искуство како љубовница на еден шеик.
Во раните 80-ти, таа била млада и наивна манекенка која на едно патување во Кан со пријателите го запознала милијардерот и трговец со оружје, Аднан Кашоги. Кратко откако се запознале тој побарал од неа да биде негова љубовница.
Според законот во Саудиска Арабија, тој смеел да имам 11 љубовници и три законски жени. – Се согласив. Од тој момент станав една од жените во неговиот харем, и се менував со други жени, чекајќи го својот ред за да имам секс со човекот кој го засакав – вели Џил.
Аднан бил 24 години постар од неа, и како што таа вели, бил низок, подебел и ќелав, но тоа нејзе не ѝ пречело.
– Никогаш не сум запознала поинтелигентен, поелоквентен и позабавен маж од него – изјавила Дод.
Таа вели дека секогаш бил опкружен со жени и го опишала како неверојатен љубовник.
– Некои од неговите љубовници изгледаа толку младо што човек би помислил дека се работи за средношколки, додава таа. Аднан ја опсипувал со скапоцени подароци, а дури и го платил и образованието на еден институт за мода.
Своевремено, Џил ги красела страниците на познатите списанија Вог и Мари Клер и била многу успешна манекенка.
Кон крајот на 1981. година, таа почнала да се чувствува непријатно во целата ситуација.
– Една вечер влезе во мојата соба за да ми даде подарок. Кога го виде моето лице, ми рече дека ја згрешил собата и ми кажа да го задржам подарокот. Срцето ми застана, тој мислеше дека сум друга девојка, вели таа.
Својот однос го завршиле во 1982. година, а седум години подоцна, Дод ја основала компанијата „Рокси".
Ново на Сител
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда
-
Ден по Велигден ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ | ВИДЕО
-
Кривична за 49 лицa кoи вршeлe злоупотреба на постапката за стекнување со туѓа нега и инвалидски пензии
-
Камион товарен со дрва во обид да избега од полицијата и излетал од патот
-
Шојгу: Русија го задржува правото да употреби нуклеарно оружје во случај на агресија од Западот
-
Приведени три лица од Куманово, при претрес на дом пронајдена е дрога
-
Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши