Како да препознаете некој кој само што имал секс?
Многумина не би сакале да се знае дека штотуку имале секс, особено ако треба да одат на работа, да излезат со пријателите или да ги извршуваат секојдневните обврски. Поради тоа тие се обидуваат да го скријат тој факт што е можно подобро и да изгледаат прибрано. Но, неодамнешните истражувања откриле дека постојат знаци кои лесно ќе ве издадат дека сте имале секс и сте доживеале оргазам. Во продолжение прочитајте кои се тие…
1. Румени образи
Сексот го забрзува крвотокот поради што по водењето љубов се појавува црвенило на лицето. Некои се повеќе црвени, некои помалку, но сите зрачат со специфичен „блескав изглед“.
2. Среќа и радост!
Чувството на задоволство и чудното разиграно расположение кое ги обзема луѓето по сексот се последица на зголеменото лачење на хормонот за среќа. Ендорфинот прави да се чувствувате како ништо да не може да ви го уништи денот.
3. Насмевка на лицето
Дури и да сте на состанок од работа, ќе ви биде тешко да го задржите сериозниот израз на лицето доколку сте го започнале денот со оргазам. Насмевката и среќата ќе ве красат цел ден. Не се обидувајте да делувате сериозно, смешкајте се кога веќе имате вистинска причина за тоа.
4. Материјални докази
Она што секако треба да го сокриете се истутканата облека, уништената шминка, отпечатоците од кармин од таму каде што не им е место и сите други чудни дамки. Добро проверете како се излегле од дома бидејќи не би сакале буквално сѐ да ви пишува на чело.
5. Лесен од
Верувале или не, оргазмот кај жените влијае на нивниот од! Истражувачите од Универзитетот Луван анализирале видеа од жени како одат по улица и успеале да заклучат кои од нив имале редовни оргазми, а кои не. Жените кои често имаат сексуални односи и редовно доживуваат оргазам имаат подолг чекор и подвижна карлица поради подобриот проток на крвта низ мускулите во тој дел од телото. Истражувачите тврдат дека жените кои често доживуваат вагинален оргазам додека одат ги нишаат колковите, повеќе се „фрцкаат“ и имаат полесен чекор.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
