Живот
10. September 2017 - 9:17

Како да ја зголемите самодовербата во кревет?

Жената која е полна со сексуална самодоверба е ослободена од предрасуди, несигурности, лутина и огорченост. Таа не е љубоморна и посесивна. Нема потреба од постојана контрола и конфликти со мажот.

Срамот е непознат збор за неа. Таа може да ги пренасочи нејзините сексуални интереси и нагони за да внесе посебна искра помеѓу неа и нејзиниот партнер што ќе придонесе за силна и сексуално трајна врска.

Таа се сака себеси, знае што сака и како да го добие тоа што го бара од партнерот. Најважно е дека таа не се плаши да испробува.

Филмскиот хит „Педесет нијанси на сиво” придонесе жените да се чувствуваат послободни да прават нешто поразлично од обичен ванила секс. Секс блогерката Алисон Тајлер вели дека гледа почеста заинтересираност кај паровите за ексцентричност во сексот.

Долго време фетишите беа табу тема, а сега паровите се многу позаинтересирани за испробување на нови еротски игри.

Нов тип на валкан секс - Возбудлива предигра!

Сензуалната игра може да вклучува сè- од орална пенетрација па до секс играчки, зависно од тоа колку сте авантурисички настроени.

Иако ќе умирате да ја соблечете облеката и да се фрлите во кревет, оставете простор да се соблекувате бавно.

Не плашете се да преземете контрола. Бидете отворени за експериментирање, споделете ги своите фантазии.

Предиграта придонесува за самоприфаќање и подобра комуникација со партнерот за вашите сексуалните желби и потреби. Кој знае? Можеби токму тоа ќе го намали зголемувањето на бројот на разводи.

Фокусирајте се на себе

За да бидете посигурни во себе за време на сексот, мора да го запознаето своето тело и да дознаете што сакате.

Купете нова долна облека, предизвикувајте се сами себеси, вежбајте, не се споредувајте со други жени, носете повеќе црвено, патувајте, инвестирајте во себе и имајте повеќе секс.

На крајот на краиштата, потполната самодоверба е клучна компонента на сексипилот.

Во моментов поставете си предизвик

Во следните 24 часа, подгответе се себеси за сексуална интимност. Купете секси долна облека, издепилирајте ги нозете, измијте ја косата, променете ја постелнината. Додадете некоја свеќа и музика.

Дали нешто од ова направи да се чувствувате секси? Ќе бидете изненадени како неколку едноставни работи можат да го променат вашиот однос према интимноста.