Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија
Кошаркарот на Далас Маверикс и олимписки шампион со репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Кајри Ирвинг е во процес на промена на националните тимови и настап за Австралија.
Ирвинг е роден во Мелбурн и има двојно државјанство. Досега ја претставуваше репрезентацијата на САД, а освои и златен медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Сепак, тој никогаш не криел дека би сакал еден ден да го облече дресот на Австралија. Таа желба сега може да се оствари.
- Во моментов сме во процес. Се обидуваме да видиме што е најдобро за мене. Има многу документи. Се разбира, Америка треба да донесе одлука, но јас барам да го направам она што е најдобро за мене. Искрено, ако во одреден момент од кариерата можам да играм за Австралија, тоа би било одлично, изјави суперѕвездата на НБА.
Искусниот бек сезонава за Маверикс просечно игра 34,4 минути по натпревар. Во моментов има просек од 23,5 поени, четири скока и 5,6 асистенции. Нема сомнеж дека Ирвинг би бил одлично засилување за „кенгурите“ и Светското првенство во Катар 2027 година.
Ново на Сител
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања
-
Седум пациенти се враќаат од странство, на лекување остануваат 48 пациенти
-
Малолетничка физички нападната од страна на вработено лице пред училиште
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом