Кај нас нема африканска чума, во Бугарија над 65 жаришта
Во Бугарија моментно има 65 жаришта на африканска чума населени со диви свињи. Болеста е присутна и во шест до седум индустриски капацитети, како и во 33 домашни фарми, рече денеска директорот на бугарскиот Центар за проценка на ризик во делот безбедност на храна, Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Како што изјави Ѓорѓиев по потпишувањето на Договорот за соработка со директорот на АХВ, Зоран Атанасов, од јули годинава Бугарија успеала да го редуцира бројот на домашни прасиња, но ловот на диви свињи допрва ќе почне, од 5 октомври.
-Ситуацијата со африканската свинска чума е веќе надмината. Останува само проблемот со дивите свињи. До крајот на ловната сезона која ќе почне на 5 октомври, очекуваме бројот на единки драстично да се намали, нагласи Ѓорѓиев.
Единствена мерка за справување со болеста, потенцнира директорот, е спроведувањето биосигурност.
-Ќе мора да живееме со присуството на африканска чума, но притоа ќе треба да ги намалиме штетите, да ги сведеме на финансиски прифатливи зашто за заболувањето нема вакцина. Борбата се води само со биосигурносни мерки, подвлече Ѓорѓиев.
Дополни дека следната година, согласно промената на националното законодавство во Бугарија, сите што ќе сакаат да одгледуваат домашни прасиња ќе мора, задолжително да направат ветеринарна регистрација на објектите и да воведат биосигурносни мерки.
Директорот на АХВ Атанасов уште еднаш потврди дека во земјава нема африканска чума, но превентивните мерки се уште се спроведуваат и се подигнати на максимално високо ниво.
-Има критики дека сме направиле паника, но не е така. Мора да бидеме подготвени. Биосигурноста е единствената мерка со која може да се бориме против африкаснакта чума, рече Атанасов, додавајќи дека веќе и панамериканските земји го подигнуваат нивото на заштита со оглед дека се работи за т.н. скокачка болест која брзо се шири, за многу кратко време на илјадници километри одалеченост.
Атанасов и Ѓоргиев со денешното потпишување на Договорот за соработка ќе ги интензивираат заедничките активности кои, како што истакнаа, се клучни во ова време на глобализација и интензивна размена на луѓе, стока и храна.
Ново на Сител
-
Земјотрес од 6,4 степени го погоди истокот на Индонезија, нема опасност од цунами
-
Европол: Разбиена меѓународна албанска мрежа на организиран криминал, уапсени 10 лица
-
Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа
-
Мицкоски: Над 720 милиони денари за инвестции во спортска инфраструктура
-
Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“
-
Новозеландска пратеничка исфрлена од Парламентот заради говор за Газа
-
Рбјаков: Русија се надева дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе ја поттикне нормализацијата на односите со САД
-
Маск најави тужба против Епл