Кај Кипар отворен подводен музеј со над 90 скулптури
Подводен музеј со над 90 скулптури на уметникот, еколог и фотограф Џејсон де Каир Тејлор, беше отворен на почетокот на месецов, во туристичкото место Аја Напа крај брегот на Кипар. Скулптурите ќе служат и како вештачки гребени за помош во обновувањето на подводниот живот.
– Скулптурите се преобразуваат, па на нив растат корали, а има сунѓери што се лепат на површината (на статуите), вели авторот.
Музејот за подводни скулптури во Аја Напа (МУЗАН) содржи 93 уметнички дела изработени од комбинација на висококвалитетен морски не’рѓосувачки челик и еколошки подобен, тн. ПХ-неутрален бетон.
Сместени на длабочина од 8-10 метри, овие парчиња се дизајнирани да привлечат различни видови морски животни. Кристално чистото подрачје на оваа област, исто така, значи дека е погодно за нуркачи. Околу 10-15 отсто од морското дно има доволно цврста основа што овозможува природно создавање гребени, што ги прави скулптурите важен дел за зачувување на морскиот живот.
Сите претходни проекти на Џејсон низ целиот свет се специјално дизајнирани за секое место.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје