Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ - Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало да заврши на албанска страна.
- Вчера во 5:20 часот, полициските службеници го лишиле од слобода К.Б., на возраст од 34 години од Дебар, кој на патот од Дебар кон Република Албанија, заедно со уште едно лице, во товарно возило превезувале добиток, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Според него, на издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство.
- По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи Димоски.
Шверцот на добиток од македонска на албанска територија не е реткост, поради повисоката цена на месото во соседна Албанија.
Ново на Сител
-

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена
-

Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
-

Две лица активирале противпожарни апарати во казино при што гостите почнале да се гушат
-

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп, Швеѓанка при слетување скршила нога
-

Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
