Кај Ајвалик морето исфрли тела на 21 мигрант

Турската жандармерија соопшти дека на две различни локации на турското егејско крајбрежје денеска открила тела на 21 мигрант, меѓу кои и на три деца, пренесоа британските медиуми.
Единаесет тела биле најдени на брегот кај летувалиштето Ајвалик, а други десет во реонот на Дикили, информира претставник на жандармеријата.
Претходно американските медиуми информираа за девет најдени тела на брегот кај Ајвалик.
Британските медиуми јавуваат дека турската крајбрежна стража спасила осуммина мигранти по изведената потрага по морето. Во чамецот што пловел кон грчкиот остров Лезбос веројатно имало 22 лица. Лезбос се наоѓа на помалку од 10 километри од турскиот брег.
Припадник на крајбрежната стража изјави дека три чамци и хеликоптер трагаат по преживеани.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
