Кај 16 годишник пронајдени дрога и експлозив
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при скопскиот Основен кривичен суд достави барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за дете на возраст од 16 години за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 3 во врска со став 1, како и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ согласно член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје.
– На 10 ноември, во гаража на улицата „Бојмија“ во Скопје, заедно со уште две полнолетни лица за кои веќе се води постапка, осомниченото дете држело 149 таблети психотропна супстанција – 3,4 метилен диометамфетамин (МДМА), стимуланс на ценатралниот нервен систем. Во стан на улицата „Венјамин Манчуковски“, пак, кај осомничениот била пронајдена дигитална вага со остатоци од дрога и психотропна супстанција, но и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – околу 200 грама тринитротолуен, велат од скопското обвинителство.
Проценувајќи дека доколку му биде дозволено да се брани од слобода осомничениот би можел да се даде во бегство, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи притвор за детето во судир со законот.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
