Кафето помага во битката со вишокот килограми

Ново истражување покажува дека жените кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден имале во просек 4,1 отсто помалку телесни маснотии од жените кои не пијат кафе.
Група меѓународни истражувачи предводена од д-р Ли Смит од Универзитетот Англија Рускин во Кембриџ, ја испита врската меѓу употребата на кафе и телесната тежина кај жените и мажите. Научниот труд ги споредува податоците од Националниот центар за истражување на здравјето и исхраната на Центарот за контрола и спречување на болести во САД.
Резултатите покажале значителна пропорционалност меѓу пиењето повеќе кафе и намалената тежина.
– Кафето или неговите ефективни состојки би можеле да се вклопат во здравата стратегија за исхрана, за да се намали товарот на хронични заболувања поврзани со вишокот килограми, вели д-р Смит.
Конкретно, жените на возраст меѓу 20 и 44 години кои пиеле по две-три шолји кафе на ден, имале најниско забележано ниво на масно ткиво. Сепак, кај мажите овие параметри не се толку изразени. Кај мажите на возраст меѓу 20 и 44 години, кои пиеле по две или три шолји кафе на ден, масното ткиво е пониско за 1,3 отсто, а масните наслаги на стомакот се пониски за 1,8 проценти.
Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
