Каевски: Со кочењето и блокадите Мицкоски и ДПМНЕ работат против ЕУ и НАТО
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,Со државничките политики на СДСМ, земјава стана членка на НАТО. Ја обезбедивме сигурноста и безбедноста на државата и на сите наши граѓани.
Колку членството во НАТО е важно гледаме сега кога беснее војна на тлото на Европа, во Украина.
Северна Македонија денеска како членка на НАТО и со почнати преговори со ЕУ е фактор на стабилност во регионот и партнер на најсилните земји во светот.
Членството во НАТО обезбеди и поддршка за справување со хибридните закани, за јакнење на нашата Армија, но позитивно влијае и во делот на економијата. Обезбедената стабилност и вистинските политики на СДСМ допринесоа да имаме рекорден износ од 750 милиони евра директни странски инвестиции минатата година.
СДСМ е посветена и на остварување и на втората стратешка цел-полноправно членство во ЕУ.
Нашите граѓани заслужуваат да бидат дел од ЕУ а обврска на партиите е да им го овозможат тоа без политички калкулации.
Кочењето на ДПМНЕ, она кое што го прават во Собранието во однос на блокадите на реформите и во однос на несоработката за стратешки важни прашања како членството во Унијата е директно и активно работење против ЕУ и НАТО.
Мицкоски и ДПМНЕ работат против интересот на земјата и одработуваат за туѓи интереси, за земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.
Мицкоски има право да се самоизолира, но нема право да ја изолира државата.
Македонија нема време за губење, граѓаните немаат нови години за губење. Собраниската процедури и дискусијата за уставните измени коишто се неопходни за продолжување на европскиот пат мора да започне.
Со глас за Европа во македонското Собранието да обезбедиме продолжување на европската интеграција на земјата и остварување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.
Благодарам
Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
-

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ одби покачување на платите
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
