Каевски: Постојано инвестираме во одбраната, денеска имаме силна и угледна Армија која е дел од НАТО
Нека е честит 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија.
30 години Армијата е столбот на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите
Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.
Како парламентарно мнозинство во изминативе години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците.
Последен од нив е Законот за служба во Армијата со кој обезбедивме дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната.
Со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал.
Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведуваат и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.
Во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање обезбедивме значително подобри услови.
Војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст.
Тоа значи дека одредени војници можат да добијат отпремнина и до 20.000 евра.
Сето ова значи вистинска грижа за Армијата, војниците и вработените во одбраната.
Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводиме, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, стабилна и достоинствена Армија.
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС