Каевски: Бесплатен јавен превоз во Скопје е можен само со БРТ
Данела Арсовска не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите две месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти.
Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт.
Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој.
И самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска.
Наместо да го реализира БРТ системот, таа ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако граѓаните очекуваа бесплатен јавен превоз уште во првите 82 дена од нејзиниот мандат.
Најавите дека бесплатен јавен превоз ќе има за две години од сега е голема лага и потценување на скопјани.
Бесплатен јавен превоз е возможен само со Бас рапид транзит со кој се обезбедува поголем опфат на патници, почести линии и побрзо минување на трасата.
Арсовска треба да си ги совлада суетата и ароганцијата и да ги продолжи проектите што ги започна Петре Шилегов, а кои обезбедуваат развој на Град Скопје.
Tаа конечно треба да почне да работи за Градот и за интересите на граѓаните, наместо да го кочи развојот на Скопје.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ, прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница