Македонија
30. јуни 2017 - 21:27

Кадровски смени во МВР

Кадровски смени се случуваат во Министерството за внатрешни работи, дознава Макфакс. На местото на досегашниот началник на Петтата Управа во УБК Горан Грујовски, доаѓа Сашо Трајковски.

Од раководната функција е разрешена помошник-министерка за внатрешна контрола, Анета Станчевска. Макфакс неофицијално дознава дека на таа раководна позиција е назначен Дејан Андонов, кој долги години работел во Секторот за внатрешна контрола. Од позицијата началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Спасовски.