Качински: Претстојните избори се најважни од 1989 година
Лидерот на полската владејачка партија и вицепремиер Јарослав Качиски изјави дека претстојните парламентарни избори ќе бидат најважни од 1989 година, кога се одржаа првите делумно слободни избори во Полска, пренесоа полските медиуми.
Првите делумно слободни парламентарни избори одржани во Полска на 4 јуни 1989 година ставија крај на комунизмот во Полска и го отворија патот за негова трансформација во демократска држава. Овие избори, на кои демократската опозиција извојува убедлива победа, го означија почетокот на колапсот на комунизмот во Централна и Источна Европа.
Качински рече дека она што претстои е од најголема важност, бидејќи најверојатно ќе одлучи за судбината на Полска и полскиот народ.
Алудирајќи на моменталната ситуација во Украина и присуството на приватната воена компанија Вагнер во Белорусија, Качински рече дека владејачката партија Право и правда е силата што може да ја гарантира безбедноста на Полска.
Во Полска оваа есен ќе се одржат парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари