Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска ѝ нареди на армијата да го продолжи напредувањето во Појасот Газа без оглед на преговорите.
– Наредив војската да продолжи да напредува во Газа против сите цели, без оглед на какви било преговори, и да ги користи сите потребни средства за заштита на војниците и за елиминирање и уништување на убијците од Хамас, истакна Кац.
Според него, или Хамас ќе ги ослободи заложниците, киднапирани за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година или ќе биде уништен.
Специјалниот претставник на САД за Блиски Исток, Стив Виткоф предложи 60-дневно примирје и ослободување на 28 од 58-те заложници што сè уште се држат во Појасот Газа, во замена за ослободување на 1.200 Палестинци од израелските затвори и непречен проток на хуманитарна помош до енклавата.
Американскиот предлог предвидува двете страни во конфликтот да се договорат за параметрите на делумно повлекување на израелските одбранбени сили од Појасот Газа за време на привременото прекин на огнот
Ново на Сител
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум