Кабул: Во напад на талибанци загинаа шест лица, меѓу кои двајца шпански полицајци
Најмалку шест лица, меѓу кои четворица авганистански и двајца шпански полицајци, се убиени во повеќечасовна престрелка меѓу авганистанските сили и талибанци во близина на амбасадата на Шпанија во Кабул, јавија денеска локалните власти.
Авганистанските сили спречиле самоубиствен напад на гостинска куќа за странци, во близина на шпанската амбасада, при што во престрелката и експлозии се убиени четворица талибански борци.
Талибанците нападот во дипломатскиот кварт на Кабул го започнаа синоќа, неколку часа откако претседателот на Авганистан Ашраф Гани изрази оптимизам дека мировните прегопвори со талибанците ќе бидат повторно отворени во следните неколку дена.
- Авганистанските специјални сили убија четворица напаѓачи кои извршија терористички напад во Кабул, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Седик Седики, додавајќи дека во нападот се убиени и четворица полицајци.
Шпанските власти, исто така, потврдија дека во нападот се убиени двајца шпански полицајци.
Талибанците преземаа одговорност за нападот.
Ново на Сител
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис
-
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот
-
Лога: Уште сум против работата на Судски, ама разрешување не е решение