Кабинет на Пендаровски: Огласените возила не се во сопственост на Кабинетот, фотографиите се направени без дозвола
Во врска со написите дека на портал за огласување се продаваат возила фотографирани во делокругот на Вила Водно, од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски информираат дека се работи за возила кои не се во сопственост на Кабинетот, ниту во употреба за претседателот, службите за негова поддршка, или пак во сопственост на вработените во Кабинетот.
Според информациите со кои располага Кабинетот на претседателот, се работи за возила на сопственик на компанија ангажиран од страна на ОБСЕ/ОДИХР, при средба на шефицата на ОБСЕ/ОДИХР мисијата за набљудување на изборите во март 2020 година со претседателот Пендаровски.
– Фотографиите се направени без дозвола и знаење на Кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет. Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа
-
Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа
-
Без вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
-
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места