Јужнокорејскиот Парламент гласа за импичмент на претседателката Парк
Парламентот на Јужна Кореја треба денеска да гласа за импичмент за претседателот Парк Геун Ху, јавува домашната агенција Јонхап.
Претседателката Парк (64) подолго време е изложена на притисок од партиите на опозицијата и од масовните протести на улиците на главниот град Сеул, обвинувајќи ја за вмешаност во корупциски скандал.
Парк е обвинета дека знаела за махинациите и за изнудувањата кон државни фирми, што ги правела нејзината блиска пријателка Чои Сон Сил.
Таа е уапсена и обвинета за корупција, а опозицијата и јавноста не ги прифаќаат објаснувањата на претседателката Парк дека таа нема ништо со работењето и однесувањето на Сон Сил.
Парк долго време се противеше да даде оставка, но сега се согласува да замине од функцијата, како што вели, кога за тоа ќе се создадат услови.
Во јужнокорејскиот Парламент доминираат опозициските партии и независни пратеници, но ним сепак им се потребни уште 28 гласови, за да се изгласа одлуката за импичмент.
Набљудувачите во Сеул веруваат дека опозицијата ќе успее да обезбеди „бегалци“ меѓу пратениците од владејачката партија на Парк, која претходно сугерираше таа да се повлече во април следната година.
Доколку се обезбеди мнозинство за да се отповика Парк, таа нема веднаш да замине, туку прво ќе биде суспендирана од функцијата.
Нејзината улога на шеф на државата, до конечната разврска на процесот на импичмент, ќе ја обавува актуелнот премиер.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи