Јужна Кореја: Сладолед за трезнење
Жителите на Јужна Кореја, кои важат за едни од најголемите потрошувачи на алкохол во Азија сега ќе можат да се трезнат со сладолед за лекување мамурлак.
Сладоледот „гјеонџо“ (во превод „држи се“) е лансиран во ланецот продавници „Видми“ и како што се тврди, тоа е првиот сладолед наменет за отстранување на последиците од конзумирање алкохол.
Во соопштението на продажниот ланец се наведува дека името на сладоледот е избрано за да ги „изрази напорите на вработените, кои мораат да го издржат работниот ден по тешкото опивање, како и да им пружи утеха на оние кои мораат да дојдат рано на работа по честите бурни ноќи“.
Сладоледот „гјеонџо“ има вкус на грејфрут и содржи 0,7 проценти сок од плодот на азиското дрво ховенија, кое е традицонален лек против мамурлак и е забележано во позната корејска книга за лекови од 17. век.
Во Јужна Кореја продажбата на алкохолни пијалаци е голем бизнис, но и продажбата на лекови за мамурлак, чија годишна вредност достигнува до 126 милиони долари. Тука спаѓаат различни таблети и пијалаци, но и креми за лице, кои треба да ги прикријат трагите од бурната ноќ.
Јужнокорејците годишно пијат 12,3 литри алкохол по жител, покажуваат статистиките на Светската здравствена организација од 2014 година.
Ново на Сител
-
Коњаниците од традиционалниот Илинденски марш пристигнуваат на целта
-
Претседателката го свика Советот за безбедност - Една од темите состојбата со пожарите
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител