Јужна Кореја: Нуклеарен напад би значел „крај“ за режимот во Пјонгјанг
Ако Северна Кореја нападне со нуклеарно оружје, ќе мора да се пресмета со „крајот“ на нејзиниот режим, предупреди денеска јужнокорејското Министерство за одбрана.
Сеул го издаде предупредувањето како одговор на изјавите на Пјонгјанг за можен нуклеарен конфликт, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, пренесе ДПА.
Ќе има „непосреден, огромен и решителен одговор од алијансата“ доколку Северна Кореја нападне со нуклеарно оружје, јави Јонхап, цитирајќи го Министерството.
Таков напад „ќе резултира со крај на севернокорејскиот режим“, се вели во документот.
Северна Кореја вчера го критикуваше пристигнувањето на американска нуклеарна подморница во Јужна Кореја, истакнувајќи дека овој потег „практично може да ја предизвика најлошата криза на нуклеарен конфликт“. Северна Кореја ги обвини САД за „еклатантна нуклеарна уцена“.
Тензиите на Корејскиот полуостров од неодамна значително се зголемија. По невидена серија ракетни проби минатата година, Северна Кореја годинава неколку пати тестираше ракети со нуклеарни капацитети.
САД сакаат да се сретнат со своите два азиски сојузници Јапонија и Јужна Кореја на самит во август. Конфликтот со Северна Кореја најверојатно ќе биде високо на агендата.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава