Јужна Кореја: Капетан на траект жртвувал 300 патници за да се спаси себе си
Врховниот суд на Јужна Кореја денеска ја потврди пресудата на вина за убиство и доживотната казна затвор за капетанот на патничкиот траект „Севол“, потенцирајќи дека тој практично убил 300 луѓе за да се спаси себе.
Траектот „Севол“ превезуваше 476 патници кога на 16 април минатата година потона во близина на островот Џинго, во југозападниот дел на Јужна Кореја, при што од 304 загинати, 250 беа ученици на едно средно училиште.
Трагедијата ја шокираше и вознемири цела Јужна Кореја, бидејќи стана јасно дека до тоа дошло исклучиво поради човечки фактор, односно поради илегално редизајнирање на бродот, преполниот товарен простор, неискусен екипаж и несоодветен однос меѓу операторот на траектот и државните регулаторни органи.
Капетанот Ли Зун Сеок им оневозможил на патниците сами да го напуштат бродот со што тој прв избегал од него, пред да издаде наредба за „евакуација“ се наведува во пресудата на јужнокорејскиот Врховен суд.
- Тоа е исто како да ги турнал патниците во вода и да ги пуштил да се удават, истакна за време на пресудата судијата Јанг Сунг-Тае.
На првото судење кое се одржа пред една година, Ли, кој има 70 години беше ослободен од обвинението за убиство и прогласен за виновен за грубо невнимание.
Таа одлука е поништена во април по жалбата на тужителите, а капетанот наместо тоа е прогласен за виновен за убиство и осуден на доживотен затвор, што Врховниот суд денеска го потврди.
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат