Јужна Кореја ја продолжува вакцинацијата со АстраЗенека

Јужна Кореја продолжува со имунизација на лица под 60-годишна возраст со вакцината на Астра Зенека и процесот ќе продолжи како што е претходно планирано. На лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).
На 7 април Агенцијата објави дека ја прекинува употребата на вакцината на Астра Зенека за лица помлади од 60 години, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека постои поврзаност меѓу препаратот и случаите на тромбоза. Премиерот на земјата, Чанг Саи-кин им наложи на здравствените институции детално да ги испитаат материјалите на ЕМА околу ова прашање.
Одлуката за продолжување на вакцинацијата се заснова на ставот дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.
Донесена е одлука да не се користи вакцината на Астра Зенека кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.
Претходно е соопштено дека јужнокорејските власти планираат да вакцинираат 12 милиони луѓе во првата половина на 2021 година. Вакцинациите започнаа кон крајот на февруари, а Астра Зенека беше првата вакцина која ја примија пациенти и персоналот во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица. Од крајот на март, според одлуката на здравствените власти, лицата на возраст меѓу 65 и 75 години се вакцинираат со Астра Зенека, а оние над 75 години со Фајзер.
Ново на Сител
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
-

Во струмичко Костурино водата однесе 120 јагниња и 100 овци
-

Тестирање на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид
-

ДПМ ги објави полуфиналистите за петте годишни награди за 2025
-

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи во Скопје, Куманово и Битола
-

Работењето 15 минути во место зиме наутро го уништува моторот на новите автомобили
