Јужна Кореја го замрзнува распоредувањето на противракетниот штит ТААД
Јужна Кореја по наредба на новиот претседател Мун Џе-ин ќе го замрзне распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана ТААД, додека се чека проценката за неговото влијание врз животната средина.
Левоцентристот Мун пред да дојде на власт во мај покажа резервирност во однос на распоредувањето на системот ТААД, што беше најавено во 2016 година од неговата претходничка Парк Геун-хе.
Две лансирни рампи беа инсталирани во јужната област Сонџу, каде локалните жители се кренаа на протест против системот, бидејќи го сметаат за опасен за животната средина.
- Не е неопходно да бидат отстранети рампите, изјави пред новинарите висок претставник на претседателството.
Тој додаде дека не треба да бидат преземени какви и да се натамошни дејствија за распоредување на ТААД, се додека не биде изготвена експертската оценка.
Ново на Сител
-
Теренска вакцинација
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии