Јужна Кореја го подигна степенот на готовност на највисоко ниво
Јужна Кореја го подигна на највисоко ниво степенот на готовност во пресрет на уште една важна годишнина, која Северна Кореја ќе ја одбележи следните денови.
Портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување изјави дека Северна Кореја во вторник, на 25 април, ќе ја одбележи 85-годишнината од основањето на Народната армија, што вклучува и воени вежби, истовремено со одржување на јужнокорејско-американските воени вежби, кои се планирани за крајот на април.
- Ситуацијата е таква што голем број екипи за вежбите се сконцетрирани во Северна Кореја, а голем број стратешки средства се сместени на Корејскиот Полуостров поради воените вежби на Јужна Кореја и САД. Внимателно ја следите ситуацијата, додаде тој.
Северна Кореја соопшти дека состојбата на Корејскиот Полуостров е „исклучително опасна“, поради американските нуклеарни воени маневри, кои имаат цел да го „уништат севернокорејскиот суверенитет и правото на опстанок.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница