Јужна Кореја го отфрли повикот на Пјонгјанг за дијалог
Јужна Кореја денеска го отфрли повикот на Северна Кореја за дијалог, нагласувајќи дека Пјонгјанг мора итно да прекине со провокациите и да преземе „искрени“ чекори кон денуклеаризација, јави Јонхап.
Северна Кореја во неделата ја спомена потребата од преговори првпат откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои нова резолуција со санкции минатиот месец, како реакција на нуклеарната проба што Пјонгјанг ја изврши во јануари и лансирањето на ракета во февруари.
- Ја повикуваме Северна Кореја итно да прекине со провокациите и заканите и да почне со преземање мерки за денуклеаризација, базирани на сфаќањето дека всушност тоа е единственото решение, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи.
Тој додаде дека се додека Северна Кореја не покаже волја и подготвеност за откажување од нуклеарната програма, Јужна Кореја и остатокот од светот ќе продолжат со притисокот врз неа.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата