Фудбал
13. October 2025 - 14:43

Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина

На пет часа пред почетокот на квалификацискиот наптревар за СП 2026 меѓу Македонија и Казахстан, сите влезници за јужната и северната трибина се целосно распродадени. Од Фудбалската федерација на Македонија информираат дека слободни билети има само за западната трибина.

Влезот на источната трибина е бесплатен за младите фудбалери од Детската лига, фудбалските школи и младинските категории, како и за учениците од основните училишта кои ќе присуствуваат со еден родител.