Јувентус руши рекорди со неверојатна понуда за Мбапе
Италијанскиот шампион Јувентус подготвува вселенска понуда од околу 400 милиони евра за суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, летото 2021 година, пренесува „Тутоспорт“.
Изданието тврди дека „бијаконерите“ прават се што е можно за да ги стекнат потребните средства за да можат да го донесат 21-годишниот фудбалер во Торино.
Сепак, навивачите на Јувентус, кои сонуваат за атомско дуо во нападот – Мбапе и Роналдо, можеби ќе мора да бидат малку разочарани, бидејќи се верува дека двата клуба можат да направат размена на своите најдобри играчи.
Следната година, Роналдо ќе има 36 години и ќе остане само уште една година од договорот, според кој добива 31 милиони евра годишно.
Медиумите објавија дека на почетокот на новата кампања, Мбапе сакал да го напушти ПСЖ следното лето. Се верува дека Реал Мадрид е главниот кандидат за неговиот потпис, но англискиот шампион Ливерпул исто така ја следи ситуацијата.
Францускиот напаѓач веќе има два гола и четири асистенции на само 3 натпревари во новата сезона.
Ново на Сител
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност