-->
-->
Јувентус го откупи Квадрадо од Челзи
-->

Првакот на Италија Јувентус како што пренесува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ постигнал договор за откуп на играчот на Челзи, Хуан Квадрадо.
Колумбиецот Квадрадо во моментов настапува за Јувентус, но како позајмен играч од Челзи за период од една година.
Во досегашниот дел од сезоната Квадрадо играше на девет натпревари, а по се изгледа ги задоволи вкусовите на тренерот Масимилијано Алегри.
Трансферот се очекува да биде реализиран во зимскиот преоден рок на почетокот на јануари и цената ќе изнесува 22 милиони евра што е три помалку од претходно договорената сума од 25 милиони евра.
Квадрадо пред да настапува за Челзи играше и во италијанските екипи Фиорентина, Удинезе, Лече како и во колумбискиот тим Индепендиенте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
