-->
-->
Јуве има уште една опција за централен напаѓач
-->

Јувентус подготвува трансфер на Муса Дембеле од Лион, тврдат извори од тимот. 23-годишниот напаѓач со месеци е на радарот на Италијанците, а вчера клупските претставници го следеа во живо во натпреварот со Анже. Во него, францускиот репрезентативец постигна два гола.
Минатата сезона, која беше прва за Лион по неговиот трансфер од Селтик, Дембеле импресионираше со 15 голови и 5 асистенции на 33 настапи во Лига 1.
За него, „децата“ им платија на Шкотите 22 милиони евра.
Ова лето Јуве тргна по Ромелу Лукаку, но тој заврши во Интер. Се вели дека „бјанконерите“ продолжуваат да работат за привлекување на Мауро Икарди.
Шампионите најверојатно ќе се разделат со Марио Манџукиќ, кој сака да се врати во Баерн Минхен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
