Јутјуб би можел да се повлече од Русија
Видеоплатформата Јутјуб може да се повлече од територијата на Русија, доколку Државната дума го усвои нацрт-законот со кој се ограничуваат „делата на странските сопственици во компаниите за аудиовизуелни услуги со професионална содржина“, пишува денеска весникот „Комерсант“.
Според руското здружение Медиумско-комуникациски сојуз, терминот „организатор на аудиовизуелни услуги“ го опфаќа и Јутјуб, каде корисниците објавуваат и содржини од сопствено производство.
Доколку нацрт-законот биде усвоен, Јутјуб може да ја напушти Русија, додава весникот.
На Јутјуб освен содржини на корисниците се објавуваат и професионални содржини и во моментов нема начин за разграничување на овие две категории, изјавуваат извори на „Комерсант“ за можните причини за повлекување на Јутјуб од Русија.
Освен тоа со усвојување на законот може да се појават дополнителни трошоци за создавање нова инфраструктура, смета еден од изворите на весникот.
Според „Комерсант“, руските мобилни оператори „Вимпелком“ и МТС се против усвојувањето на законот, со кој се ограничува дејноста на странските онлајн филмски канали.
Од 1 јуни 2017 година странското учество во руските компании за аудиовизуелни услуги би можечо да биде ограничено до 20 отсто, предвидува нацрт-законот, зад кој, според „Комерсант“, стојат фирмите „Газпром медиа“ и „СТС медиа“.
Според анонимен извор на весникот, законот бил напишан специјално против американската компанија за видеоуслуги Нетфликс, која во јануари најави дека ќе се насочи кон рускиот пазар.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност
-
Светска организација за заштита на природата: Нерационалното производство и отпадот од храна ја уништуваат планетата
-
УКРО: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола