Јурис: САД се горди што се сојузник на Албанија
Амбасадорката на САД во Тирана, Јуриј Ким на 13-годишнината од членството на Албанија во НАТО оценува дека од 1 април 2009 година, кога стана членка на Алијансата, вредноста на Албанија како сојузник продолжува постојано да расте, јави дописничката на МИА од Тирана.
Преку објава на Твитер, американскиот прв дипломат вели дека од денот на членството, американските и албанските сили „заедно пролеале крв, пот и солзи во Авганистан, Ирак, Косово, Босна и Херцеговина и на други места“.
– Минатата година Албанија беше домаќин на најголемата воена вежба досега спроведена во Западен Балкан. Оваа година НАТО започна со реконструкција на воздухопловната база во Кучово за да стане објект на НАТО. САД се горди што се сојузник на Албанија, пишува Ким на Твитер.
Албанија е членка на Алијансата од 1 април 2009 година. Во последните години, НАТО и Албанија го зголемија своето партнерство на полето на одбраната и безбедноста. Од влегувањето во НАТО, албанската армија е вклучена во трансформацијата и модернизацијата на опремата и возилата, обука на персоналот и подобрување на воената инфраструктура.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Отстранета дивоградба на улица Орце Николов, продолжуваме со расчистување на бесправните објекти
-

Мајка на обвинет за убиството во Штип нападнала и влечела за коса полицајка
-

АХВ ги демантира наводите за нехигиена во средношколскиот интернат “Здравко Цветковски”
-

Смртниот биланс од катастрофалниот пожар во Хонг Конг се искачи на 128 лица
-

Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година
-

РКЕ ќе ја утврди новата цена на парното греење
-

Европол заплени осум милиони штетни играчки
-

Николоски: Не можеме да бидеме неми на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда и резултати
