Европол заплени осум милиони штетни играчки

Агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (Европол) соопшти дека во предбожиќната акција запленети се осум милиони лажни и штетни играчки од продавници и пазари во 26 држави.
Европол посочи дека повеќето од конфискуваните играчки „целосно ги избегнале строгите правила на ЕУ за производи наменети за деца“.
Запленети се фалсификувани кукли, коцки, автомобили, комплети за боење и кадифени играчки што би можеле да претставуваат опасност од пожар.
Тоа е втора операција на Европол во изминатите две години, а вкупниот број на конфискувани фалсификувани играчки, од кои повеќето се од Кина, достигна речиси 17 милиони.
Помеѓу запленетите играчки има и такви „што можат да предизвикаат задушување, давење, исеченици, изгореници и изложеност на хемиски супстанции“, како и „трајни хемикалии“, што би можеле да бидат канцерогени.
Европол упати апел до родителите да бидат внимателни при купувањето за Божиќ и да го ограничат купувањето само кај проверени продавачи.
МИА
Ново на Сител
-

РКЕ ќе ја утврди новата цена на парното греење
-

Европол заплени осум милиони штетни играчки
-

Николоски: Не можеме да бидеме неми на состојбите во правосудството, граѓаните бараат правда и резултати
-

Најстудено во Маврови Анови -1, најмногу дожд во Струмица 50 литри на квадрат
-

Стара чаршија без вода поради уличен дефект
-

Во пожарот во Хонг Конг загинаа најмалку 94 луѓе
-

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен
-

Помалку склучени, а повеќе разведени бракови
