Јункер: Пред прием во ЕУ, балканските земји да ги решат граничните спорови
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави денеска пред европратениците дека ниту една земја од Балканот нема да биде примена во ЕУ пред да ги реши сите гранични спорови со соседите.
- Нема да се случи да се каже дека тоа ќе се решава откако ќе се влезе во ЕУ. Проблемите мора да бидат решени пред пристапување или нема да има натамошно проширување, изјави Јункер.
Тој истакна дека 2025 година не е година кога Црна Гора и Србија „мора“ да бидат во ЕУ, туку тоа е идикативен датум и охрабрување за тие земји, кои најмногу напредувале на патот кон Унијата.
- Сакаме да видиме проширување на Западен Балкан, но не сакаме да видиме влез без исполнување на условите. Тие се уште не ги исполниле условите, а некои земји се далу од тоа, изјави Јункер пред Европарламентот.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници