Јункер: ЕУ се обидува да избегне зајакнување на улогата на САД и на Русија на Западен Балкан
- Европската унија се обидува да избегне зајакнување на улогата на САД и на Русија во земјите од Западен Балкан, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за телевизија „Еуроњус“ .
- Кога станува збор за пристапувањето на земјите од Западен Балкан, за проширувањето, тие (САД) немаат право на глас, одлуките се на Европската унија, не на САД. Ние ги почитуваме и го поздравуваме нивниот придонес, но не би сакал САД да играат голема улога во процесот, а во крајна линија тоа да доведе до зголемување на улогата на Русија, рече Јункер.
Тој, исто така, рече дека не ја принудуваат Србија да избира меѓу Русија и ЕУ, истакнувајќи дека Србите треба да имаат нормални односи со Москва и да одржуваат добри односи со Европа. Според зборовите на Јункер, процесот на европска интеграција „не е против никого".
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија