Јункер до лидерите на ЕУ: Спасете го шенгенскиот систем
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска ги повика лидерите на Европска унија да го спасат „шенгенскиот систем“, кој е загрозен поради закана од терористички напади и бегалскиот бран.
Безвизниот систем во 30 европски земји познат како шенгенски систем послчедните месеци е загрозен поради затворање на границите, зајакнување на безбедносните мерки и подигнување на огради на границите.
- Потребно ни е да тие кои веруваат во Европа, во нејзините вредности, нејзините принципи и нејзините слободи да се обидат да го оживеат духот на Шенген, истакна Јункер пред пратениците од Европскиот парламент.
Тој додаде дека „единствената валута нема да има смисла доколку шенгенската зона пропадне“.
Претседателот на ЕК наведе дека не треба да се мешаат екстремистите и бегалците, додавајќи оти многу мигранти бегаат токму од нив.
Ново на Сител
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025