Јуниорската репрезентација на Македонија поразена од Велика Британија
Јуниорската репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе петтиот пораз во Б дивизијата на Европското првенство во Софија. Нашите млади кошаркарки се минимално поразени од врсничките од Велика Британија со 64-62.
Во вториот натпревар од Е групата, а за пласман од за пласман од 9 до 18 место. Иако Британките ги добија првите три четвртини (20-15, 12,10 и 18-12), сепак во последната црвено-жочтите одиграа можеби најдобро досега на првенството. Со тројката на Ања Начевска на 20-секунди до крајот дојдоа и на два поени негатива (60-62), но не успеаја до крај да направат пресврт.
Марија Николов со 21 и Ања Начевска со 12 поени беда напите најефикасни кошаркарки.
Сега црвено-жолтите ќе ги чекаат резултатите од останатите натпревари во оваа група, по што ќе знаат за кое место ќе разигруваат во конечниот поредок.
-
Игор Трпевски
Сите содржини од овој новинар