-->
-->
Jунајтед на чекор до Лигата на шампиони
-->
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, БАТЕ Борисов, Астана, Лацио и Спортинг од Лисабон стекнаа предност по првите средби од плеј оф рундата за пласман во Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед против Бриж славеше со 3:1 иако по само осум минути имаше негатива од еден гол. Мајкал Керик ја погоди мрежата на голманот Ромеро.
Во продолжение на натпреварот Депај постигна два гол (деби голови за него во дресот на Јунајтед), а во 93.минута конечниот резултат го постави Фелаини.
БАТЕ Борисов славеше со минимален резултат над Партизан. Стрелец на единствениот гол беше Гордејчук во 75.минута од натпреварот. Инаку Партизан второто полувреме го одигра со играч помалку, откако во финишот на првиот дел Јевтовиќ го доби вториот жолт картон.
Минимална победа забележа и Лацио над Баер Леверкузен. Единствениот гол на мечот го постигна Кеита во средишницата од второто полувреме.
Казахстанскиот шампион Астана со еден гол предност ќе патува на реваншот кај АПОЕЛ. Џолчиев го постигна единствениот гол во 14.минута.
Спортинг во Лисабон славеше над ЦСКА Москва со 2:1. Колумбиецот Тео Гутиерез го постигна првиот гол на мечот во 12.минута. Шест минути подцна Думбија не реализираше пенал за ЦСКА, односно Риу Патрисио го одбрани неговиот удар.
Думбија грешката ја исправи во 40.минута кога успеа да го израмни резултатот. Конечните 2:1 ги постави Алжирецот Слимани во 82.минута.
Реванш натпреварите се играат за една недела. Во среда на програмата ќе бидат и преостанатите пет мечеви од оваа фаза: Скендербеу-Динамо Загреб, Базел-Макаби Тел Авив, Селтик-Малме, Рапид Виена-Шахтјор и Валенсија-Монако.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Постапки против дилери на марихуана во Велес и во Скопје
-
Втора ноќ по ред неидентификувани дронови надлетуваа над воените бази во Данска
-
Претставен Меморијалниот парк во Тетово во спомен на загинатите во модуларната болница | ВИДЕО
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица